Бесплатни консултации во сабота, 4 Април 2026г. во Скопје со Лидија М. Кустербајн
Запишете магистерски студии во Словенија без школарина!
Продолжете го вашето образование на врвни универзитети во Словенија со целосна поддршка во процесот на упис.
6
Универзитети
500+
Магистерски програми
1500+
Запишани студенти од МК
Имате амбиција, но ви недостасува насока?
Магистерските студии во странство звучат преубаво, но кога ќе почнете да истражувате, тогаш доаѓа несигурноста заедно со еден куп прашања. Каде да аплицирате? Кои документи се потребни? Дали ги исполнувате предусловите? Дали ќе ве примаат? Дали можете да си го дозволите студирањето?
Поради тие причини многумина кандидати не аплицираат навреме, а дел од кандидатите што аплицираат се соочуваат со неуспешен упис поради пропусти во документацијата, условите или изборот на несоодветна студиска програма.
Доколку и вие минувате низ ова – тогаш ние сме тука да ви помогнеме!
Словего е вашиот водич за упис на магистерски студии!
Како специјализирана агенција за упис на студенти од Македонија и Балканот, на универзитетите во Словенија, ве водиме сигурно низ целиот процес — од избор на соодветна програма, условите за упис, роковите и подготовката на документацијата, сè до сигурен и успешен упис.
Што добивате како студент во Словенија?
✓
Европскo образование
✓
Студирањето се темели на современ, интерактивен и иновативен пристап.
✓
500+ магистерски програми
✓
Специјализирани, интердисциплинарни и интегрирани програми во сите научни области.
✓
Магистерски студии без школарина
✓
Ослободување од школарина (€3.000 – €15.000 годишно) врз основа на билатералниот договор меѓу двете земји.
✓
Упис без приемни испити
✓
Без приемни, освен за уметност и спорт.
✓
Меѓународно признати дипломи
✓
Словенечките дипломи се признаени во цела ЕУ и во светот и претставуваат гаранција за квалитет.
✓
Можност за работа за време на студиите
✓
До 40 часа неделно, со минимална саатница од €7,74.
✓
Пониски животни трошоци во однос на други ЕУ земји
✓
Подостапен животен стандард во споредба со други ЕУ земји.
✓
Безбеден и квалитетен живот
✓
Упис во 6 чекори со Словего
Бесплатна консултација
Добивате јасни насоки, проценка на шансите за упис и конкретен план за следните чекори.
Анализа на профил и избор на студии
Ги разгледуваме вашите оценки и заедно избираме од 500+ програми каде имаш најголеми шанси за прием.
Подготовка на документација
Ви заштедуваме време и ви даваме точна листа на потребни документи – без грешки и пропусти.
Целосна апликација
Ние ја водиме целата постапка (6 месеци) и ги следиме сите рокови наместо вас.
Студентска виза
Ве водиме низ целата процедура – од документација до добивање дозвола за престој.
Упис и почеток
Го финализираме уписот и ви помагаме да започнете со студии во Словенија.
Лидија М. Кустербајн
Советничка за образование во Република Словенија
Бесплатна 1 на 1 консултација
Во сабота, 4 април 2026 година во Скопје, Лидија М. Кустербајн – советничка за образование во Република Словенија, ќе одржи бесплатни 1 на 1 консултации за сите заинтересирани за магистерски студии во Словенија.
Обезбедете си место навреме, термините се ограничени!
Најчести прашања
Кои студии се бесплатни?
Студирањето на сите државни виши школи, додипломски и магистерски студии е бесплатно за македонските државјани врз основа на билатералниот договор меѓу Словенија и Македонија.
Кои факултети ги има?
Во Словенија има 6 универзитети, 143 факултети, 49 виши школи и над 1500 студиски програми во сите научни области.
Дали има приемни испити?
Нема приемни испити за упис, освен на академиите за уметност и спорт и за упис на архитектура.
На кој јазик се студира?
Студирањето е на словенечки, а за уписот не се бара сертификат за знаење на јазикот, освен за медицинските смерови, за кои е потребен Б2 сертификат. Студии на англиски јазик има на одредени програми.
Дали можам да работам во текот на студиите?
Да, право на студентска работа имаат сите студенти во Словенија. Минималната саатница за студенти е €7,74. Изборот на студентска работа е голем.
Дали Словего ми го гарантира уписот?
Да, во Словего ви го гарантираме уписот на факултет. Нашите ментори за образование имаат долгогодишно искуство со уписи на странски студенти. Со сите странки потпишуваме договор како гаранција за квалитетот на нашите услуги.
Дали по дипломирањето може да се остане во Словенија?
Да, препорачливо е да стекнете студентско работно искуство, за да го искористите како влог за постојано вработување. Во барањето на работа ќе ви помогне и центарот за кариера на вашиот факултет.
Ви гарантираме 100% упис!
Со нас добивате целосна сигурност: уписот го гарантираме, а средствата ги враќаме во целост во случај да не бидете запишани.
Работиме со ограничен број кандидати за да обезбедиме максимална посветеност и индивидуален пристап.
Во моментов се останати само уште 7 слободни места.
Задоволни студенти
,,Ако некој сака да си го оствари својот сон да се запише на магистерски или дипломски студии во Словенија, ги препорачувам Словего тоест Лидија која во секое време е достапна за брза соработка, одговорност и голема посветеност на работата ✌️"
Каролина Наумоска Студентка на магистерски студии по маркетинг„ Се одлучив да студирам во Словенија за да се стекнам со меѓународно призната диплома и квалитетно образование. Соработката со Словего течеше беспрекорно, професионално и најискрено им ја препорачувам на идните студенти да ја дадат довербата на Словего доколку сакаат уписната процедура да се заврши на најдобар добар начин.“
Теодора Ѓоргоска Студентка на Економски факултет во Љубљана„Ви препорачувам соработка со Словего, од лични позитивни искуства. Сите информации беа навреме пренесени до мене и сите прашања обемно одговорени. Озбилни и одговорни во својата работа, со високо ниво на професионалност. Во ниеден момент не се почувствував несигурен, бидејќи имав потполна доверба во нив, која во текот на соработката се потврди.“
Димитар Лосковски Студент на студиска програма менаџмент во Копер„Соработката со Словего течеше одлично, со висок степен на ажурност. Со сигурност би ја препорачала на други идни студенти и родители кои се заинтересирани за студии во Словенија.“
Ана Петрушева Студентка на Економски факултет во Љубљана„ За студии во Словенија се одлучив поради тоа што има одлични услови за студирање. Со Словего имав одлична соработка и веќе ја препорачувам на други идни студенти.“
Калиопи Николова Студентка на Универзитетот во Љубљана„Презадоволна сум од соработката со СловеГо и им ја препорачувам на сите идни студенти“
Хана Сејдиноска Студентка на Градежен факултет во Љубљана,,За Словего дознав преку интернет, а за соработка со нив се одлучив бидејќи од почетокот беа комуникативни и влеваа сигурност. Соработката беше на топ ниво, а комуникацијата без ограничување. Ги препорачувам Словего на сите кои сакаат да аплицираат за студии во Словенија... имаат душа!“
Виолета Анѓелеска Спасова Мајка на студент на Факултетот за природни науки и математика во Марибор
Лидија М. Кустербајн
Советничка за образование во Република Словенија
Сабота, 4 април 2026г. во Скопје
Закажи бесплатна консултација
- Ulica bratov Babnik 16, 1000 Ljubljana, Slovenija
- info@slovego.com
- + 386 69 722 780
- Понеделник – Петок: 8:00 – 16:00
„Топло ги препорачувам Словего и менторката Лидија, која во секое време е достапна и ангажирана за сите случувања за документите, за упис на факултет и за визата. Не размислувајте многу, обратете се во SloveGo и веднаш ќе имате одговор на сите барања. Јас ги контактирав, ги средивме сите потребни документи и ме примија на мастер студии на факултетот за земјоделство во Марибор.“
Александар Таневски Магистерски студии за екоземјоделство